Фото: Shutterstock.com

Со тек на годините највисоката класа почна да има повеќе модели, па да се делат дури и тие според бројот на достапни функции. Тоа доведе до тоа да иако некој телефон е од највисоката класа, да има помалку карактеристики од главниот модел, па да се смета како основен, иако неговата цена е прилично висока.

Samsung почна да користи пластика која сепак треба да остави впечаток како да е стакло, кај нивните телефони од највисоката класа, па оваа одлука наиде на различни реакции од корисниците.

Според едни, телефон од највисоката класа мора да има стаклен заден ден, со што се добива тој „премиум“ впечаток, додека според други, пластиката овозможува да се намали тежина на уредот, а и потешко се оштетува во случај на пад.

Според познатиот Ice universe, кој има зад него доста погодени шпекулации, Samsung идната година кај Galaxy S22 моделите, нема да користи пластика кај ниту еден од нив.

Оваа година S21 е моделот кој дојде со пластика, додека другите две модели беа стаклени. Кај Galaxy S22 нема да има ваква разлика, па сите модели од серијата ќе имаат стакло на задниот дел.

Како ќе реагираат корисниците на ова, ќе видиме кога ќе се официјализира оваа информација, но едно е сигурно, сите модели сега ќе имаат скап впечаток.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаСпоред директорот на Intel, недостатокот на чипови ќе трае до 2023 година
Следна статијаТргањето на потребата од Control Panel повторно продолжува со Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.