HT-ST5-Soundbar

Јапонската компанија Sony во изминативе неколку месеци се појави во вестите со серија телефони, меѓутоа на IFA во Берлин тие исто така претставија новитети и во одделот за аудиoсистеми. Комбинација од бежичен woofer и soundbar на HT-ST5 е засилена со брза конекција преку bluetooth.

Она што всушност би го интересирало секој аудиофил е моќноста од 380 вати преку 7.1 surround звучен систем кој содржи 7 дигитални засилувачи и 9 звучници. За звукот да биде што е можно побеспрекорен тука е технологијата на Dolby наречена TrueHD како и форматите DTS-HS.

Исто така одлична опција е онаа за мирување кога Bluetooth е во функција. Кога се поврзува мобилниот уред со HT-ST5, уредот автоматски се вклучува и почнува со емитување на музика. Вградените поддржани кодеци aptX и AAC исто така додаваат на квалитетот на овој вид на емитување.

pSNYNA-HTST5_alternate2_v786

За овој начин на контролирање на звучниците да биде уште поедноставен, постои и апликација SongPal развиена од Sony преку која исто така може да се контролира soundbar HT-ST5. Апликацијата е бесплатна и достапна на iOS и Android во која како бонус се интегрирани сервиси како Pandora и Spotify.

Поврзувањето е преку три влезови HDMI 2, еден излез HDMI 2.0 со аудио канал (ARC) преку кој се овозможува едноставна конекција во висока дефиниција притоа имајќи директен аудио плејбек од телевизорот. Уредот HT-ST5 ќе биде достапен кон крајот на септември по цена од 1000 долари во продавниците на Sony и сите овластени продавачи.

Извор: Sony

Претходна статијаSenseGlass го мери вашето расположение во текот на денот
Следна статијаHaven, целосно нов механизам за заклучување на врати