Intel започна нова кампања преку која ги промовира PC лаптоп компјутерите од Intel Evo платформата. Тоа го прави на секогаш интересен начин за следење со критика на својот конкурент и истакнувајќи неколку од неговите недостатоци, барем според Intel во овој случај.

„Нападот“ на Apple од страна на Intel може да се каже и дека е очекуван, со оглед на одлуката на Apple да развива сопствен чип и со тек на време се повеќе да ја намалува зависноста од Intel. На ова треба да се додадат одличните оценки на нивниот M1 чип, кој не ретко е прикажан како доста подобар од чиповите на Intel во истата категорија.

Кампањата на Intel е направена на начин кој истакнува дека доколку имате можност да ги правите одредени активност, тогаш значи дека не користите Mac, со заклучок на крајот дека треба да купите PC.

„Ако можете да поминувате низ Photoshop слики со вашиот вистински палец, вие не сте на Mac“, кажува еден од флаерите на кампањата.

Двете објави кои ги има Intel го критикуваат недостатокот на екран на допир, како и недостатокот на игри на Mac компјутерите, а носат до видео во кое се промовира Intel Evo платформата. Видеото можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2iMore
Претходна статијаGoogle тестира темна тема на десктоп за нивната страна за пребарување
Следна статијаА1 Македонија со нова онлајн понуда во месецот на вљубените
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.