Фото: Shutterstock.com

Apple ги претстави првите уреди со нивниот M2 чип, но главните уреди кои ќе работат на посилните верзии од чипот останаа изгледа за идната година. Според информациите, MacBook Pro и Mac mini, кои треба да работат на M2, M2 Pro и M2 Max чиповите, можеме да ги очекуваме во пролет идната година.

Овие компјутери не се единствените кои треба да се очекуваат за идната година, па тука е и последниот компјутер кој уште доаѓа со Intel чипови, а тоа е Mac Pro.

Познатиот и најверодостоен извор на информации за Apple, Марк Гурман од Bloomberg, објави дека од компанијата веќе го тестираат Mac Pro со чиповите од Apple, па идната година може да се очекува и негово претставување.

За разлика од MacBook Pro моделите кои би требало да работат на M2 Pro и M2 Max, за Mac Pro се очекуваат доста посилни верзии од чипот. M2 Ultra и M2 Extreme се можните имиња на чиповите кои ќе бидат дел од понудата на Mac Pro, а овие чипови според информациите ќе донесат доста подобри перформанси.

Гурман верува дека овие чипови ќе имаат од 24 до 48 процесорски јадра, како и од 76 до 152 графички јадра. Меморијата ќе оди до 256GB, а како што можевме да видиме со ланските Mac Studio модели, корисниците ќе имаат избор од два чипови.

Mac Pro ќе биде досега најсилниот компјутер од Apple кој работи на нивните чипови, а ќе биде интересно да се видат споредбите со најновите генерации од Intel и Nvidia на компјутерите со Windows.

Во случајот со Mac Studio, за доста работи компјутерите се покажуваа доста подобро од нивните PC конкуренти, но тоа не беше случајот баш за секоја ситуација.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаИталија во срцето на Скопје
Следна статијаLeica Leitz Phone 2 е втората генерација од смартфонот на компанијата позната по своите леќи и фотоапарати
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.