Leica, еден од најпознатите брендови во светот на фотографијата, ја претстави втората генерација од нивниот смартфон, кој и баш не може да се нарече така. Од компанијата функционираат преку брендирање на веќе постојни модели, па тоа е случајот и со новиот Leica Leitz Phone 2.

Leitz Phone 2 е направен на основа на Sharp Aquos R7, а во главно разликата помеѓу овие два телефони е брендот на Leica и црвениот круг на задната страна кој го покажува тоа. Исто така, корисниците на Leitz Phone 2 добиваат капаче за да ја заштитата камерата на задната страна од уредот.

Што се однесува до камерата, истата е соодветно направена како за телефон кој го носи Leica брендот. Сензорот е доста голем, односно се користи Type 1 сензорот со големина од 1 инч. Овој телефон сепак не е првиот на пазарот кој има ваков сензор, барем кога е во прашање големината.

Камерата доаѓа со 47,2 мегапиксели и како што може да се види од сликите, таа го зафаќа скоро целиот модул на задната страна, поради што од Leica сметаат дека можеби е потребна и додатна заштита.

Што се однесува до останатите карактеристики, тие се исти како кај моделот од Sharp, па Leitz Phone 2 работи на Snapdragon 8 Gen 1 чип и има 12GB RAM меморија, како и 512GB простор за податоци.

Екран кој е изработен во OLED технологија доаѓа со големина од 6,6 инчи и доста мали рамки околу него. Рамката е изработена од алуминиум кој е направен со „рецки“, па овој телефон треба да овозможи нешто подобро држење и помал ризик од паѓање.

Очекувано, Letiz Phone 2 ќе ги има сите ефекти при сликање карактеристични за Leica, а од компанијата ќе овозможат и симулирање на користењето на Leica M објективите.

Телефонот ќе биде достапен само во Јапонија и ќе се продава по цена од околу 1600 долари.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMac Pro со чип од Apple може да се очекува идната година
Следна статијаMeta го откажува развојот на Portal уредите и паметните часовници по отпуштањето на 11.000 вработени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.