Microsoft веќе неколку пати прави реклами во кои што се обидува да прикаже зошто нивните Windows 8 уреди се подобри од популарните MacBook Air. Уредите кои што работат на Windows 8 често се во форма која што им овозможува лесна преносливост и користење како таблет, па поради тоа најчесто се насочени кон корисниците на малиот и лесен MacBook Air од Apple.
Новиот Yoga 3 Pro е уште еден уред од таканаречените конвертибилни уреди кои што почнаа да излегуваат со претставувањето на Windows 8, оперативен систем кој што требаше да им биде интересен и корисен на корисниците на лаптоп и таблет компјутери. Главната причина за нивниот послаб успех сепак е оперативниот систем, па производителите продолжуваат да претставуваат нови вакви уреди.
Главната интересна работа кај Yoga 3 Pro е механизмот кој што е поставен помеѓу екранот и остатокот од лаптопот. Овој механизам овозможува лесно, прецизно и стабилно менување на аголот на екранот, со што се овозможува и целосно вртење назад со што се добива можност за користење на лаптопот како таблет компјутер.
Во видеото Microsoft е задржува на три предности на овој лаптоп/таблет компјутер во споредба со MacBook Air. Па така, прикажана е малата дебелина на уредот, неговиот механизам кој што му овозможува поставување и користење во повеќе позиции, како и екранот на допир.
Извор: Windows Central