play-music-screen-1

Google Play продавницата за апликации, како што повеќето од нас ја познаваат, во САД и доста други земји веќе одамна не е наменета само за апликации. Корисниците преку оваа апликација можат да купат покрај апликации, музика, книги, филмови и серии. Меѓутоа ние веќе се научивме да во нашата земја се достапни само апликациите.

Од оваа недела, Google Play Music станува достапен за 13 нови земји, меѓу кои и Македонија. Тоа значи дека во Play продавницата од сега ќе имате и додатен дел, покрај досегашниот за апликации, а исто така апликацијата Play Music која што досега можевте да ја користите како обичен музички плеер, е надградена со целосната нејзина функционалност.

Google Play Music во основа претставува продавница за музика, каде што можете да купувате посебни песни или цели албуми. Можеби најдобра споредба на овој сервис е со iTunes продавницата од Apple. Покрај можноста за купување на музика, со овој сервис имате и можност да ги качите во облакот песните кои што веќе ги имате, па со тоа да можете да ги слушате на повеќе уреди. Бројот на песни кои што можете да ги качите во облакот е ограничен на 20.000. Овој начин на користење на сервисот е дел од Standard начинот.

play-music-screen-3

За корисниците во Македонија достапен е и All Access сервисот кој што за месечна претплата од 9,99 долари, односно 4,99 долари до Јануари 2015, овозможува стриминг на сите песни од каталогот на Google, како и креирање на радио станици зависно од видот на музика или музичка група. All Access можете да го пробате бесплатно првите месец дена, по што ќе почне да ви се наплаќа месечната претплата.

Кога за првпат ќе го вклучите All Access, од вас ќе биде побрано да изберете каков тип на музика сакате, како и кои групи ви се допаѓаат соодветно на изборот на тип на музика. После тоа можете да почнете да креирате радио станици, како и да слушате посебни песни или цели албуми. Слушањето на музика преку креирање на радио станица е слично како и со конкурентните вакви сервис. Избирате вид на музика или музичка група, по што радио станицата пушта песни слични на изборот.

Поради тоа што повеќето уреди доаѓаат со инсталирана Play Music апликација, се што треба е да проверите за нови верзии во Play продавницата, доколку тоа не ви е наместено да биде автоматски. Доколку сепак ја немате инсталирано апликацијата, тоа можете да го направите преку следниот линк.

Покрај во Македонија, Play Music сервисот од оваа недела е достапен и за корисниците на: Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Естонија, Исланд, Латвија, Литванија, Малта, Романија и Словенија.

Претходна статијаLenovo Yoga 3 Pro против MacBook Air во нова реклама од Microsoft
Следна статијаГугловата DeepMind Technologies претстави машина која може да учи и работи како биолошки мозок
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.