microsoft-lumia-device-weibo-1

При крајот на минатиот месец Microsoft официјално најави дека ќе престане да го користи Nokia брендот кај новите уреди. Тие ќе продолжат да го користат името Lumia, но наместо Nokia ќе бидат брендирани со Microsoft, односно ќе бидат нарекувани Microsoft Lumia.

Од компанијата не најавија точно кога ќе претстават нов уред кој што ќе го носи и новиот бренд, но истакнаа дека тоа ќе биде наскоро. Таа изјава, како и неколку неофицијални, укажуваат на тоа дека уредот е веќе во изработка и може да се очекува да биде претставен оваа година.

Како и обично, прво ќе почнеме да гледаме неофицијални, таканаречени „протечени“ слики од разни извори, по што ќе биде претставен уредот. Денес објавени се три такви слики на кинеската конкуренција на Twitter, Weibo, на кои што се гледа уред кој го носи брендот Microsoft на неговата задна и предна страна.

Од сликите сепак не може да се види ништо повеќе, па карактеристиките на уредот ќе ги дознаеме кога истиот ќе биде официјално претставен. Сепак од достапните информации, поточно претпоставки, се работи за уште еден уред од пониската или средната класа, кој што можно е да вклучува и поддршка две SIM картички.

Microsoft од официјалното преземање на Nokia, претстави само уреди од средната и ниската класа, што ја покажува моменталната стратегија на компанијата. Тоа се должи на големиот потенцијал и раст кој што го има пазарот во земјите во развој каде што овој тип на уреди најмногу се купуваат. Добивањето на добра база на корисници од овој тип може да претставува добра основа за зголемување на популарноста на Windows Phone платформата.

Сепак се надеваме дека наскоро ќе биде претставен и телефон од високата класа, односно предводник како што се нарекуваат. Последен телефон од таа класа, односно моментално најдобар во понудата е Nokia Lumia 930.

Извор: The Verge, Windows Central, Weibo

Претходна статијаКина претстави ласерски систем кој што треба да уништува дронови и други мали летала
Следна статијаLenovo Yoga 3 Pro против MacBook Air во нова реклама од Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.