defence.gov
Слика: defence.gov

Кинеската државна медиумска агенција Xinhua денеска објави дека земјата има развиено високо прецизен ласерски систем кој што е наменет за уништување на дронови и други слични беспилотни мали летала. Ласерскиот систем ќе може да уништува летала кои што летаат на пониска висина 5 секунди од нивното детектирање, односно одредување како цел.

Системот е развиен во соработка со China Academy of Engineering Physics (CAEP) и треба да биде брз, прецизен и тивок систем наменет за уништување на летала до висина од 500 метри, кои што летаат со брзина до 160 километри на час. Уредот кој што е направен да биде мал и со тоа лесно пренослив, ќе има домет на работа од околу 2 километри од неговата позиција.

Ласерскиот систем моментално е тестиран на 30 дронови кои што се успешно соборени, односно системот покажал 100% ефикасност во својата намена. Ова треба да биде многу поефикасно од моментално користените начини за заштита од ваквите летала кои што стануваат се повеќе популарни. Достапноста на технологијата направи да таканаречените дронови се достапни и за обичните корисници, што ја отвора можноста за нивна злоупотреба од разни групи.

„Пресретнувањето на дронови обично е работа на снајперисти и хеликоптери, но нивниот степен на успех не е толку висок и грешките во прецизноста може да предизвикаат несакани штети.“ Објаснуваат од кинеската Hi-Tech Equipment Corp.

Ова се разбира не е првото оружје, односно систем наменет за заштита од популарните и модерни дронови. Со се поголемата нивна употреба, сигурно ќе читаме повеќе и за развојот на системи за заштита од нив. Исто така, она што е интересно, со развојот на технологијата, а и големината на дроновите, најчесто се користат ласерите во креирањето на оружје против нив, што е секогаш интересна тема за читање и истражување.

Извор: The Verge, The Guardian, RT

Претходна статијаGmail 5.0 за Android со Material дизајн и поддршка за повеќе email сервиси достапен за симнување
Следна статијаПрвиот Lumia телефон со Microsoft брендот прикажан на неофицијални слики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.