Фото: Shutterstock.com

Не се очекуваше нешто посебно многу од компјутерите со ARM чипови, кои се користат кај мобилните телефони, се додека Apple не реши да развие сопствен ARM чип и да го користи кај компјутерите наместо да продолжи со Intel.

М серијата на чипови од Apple, која е стигната до втората M2 генерација, се покажа одлично и компјутерите кои ги користат овие чипови се едни од најпопуларните на пазарот.

Microsoft никако да го среди Windows да биде функционален како што треба на ARM, но покажуваат дека нешто може да тргне во добар правец со Windows 11. Сепак, голем проблем кај Windows е достапноста на апликациите, нешто што очекувано не беше случајот со Apple.

Според аналитичарите од компанијата Canalys, компјутерите кои работат на некој ARM чип ќе сочинуваат, односно држат 30% од пазарот до 2026 година. Тоа е за помалку од 4 години, па може да се постави прашањето дали овие предвидувања се оптимистички.

Со оглед на тоа што Apple сите нивните компјутери ќе ги префрли на ARM, односно на нивните М чипови, очекувано е дека тие доста ќе придонесат до остварување на процентот. Но, тие не држат доволно голем дел од светскиот пазар за да може да се постигне процентот без помош од Microsoft.

Претставувањето на нов ARM процесор од страна на Qualcomm можеби ќе ја подобри ситуацијата од идната година, зошто покрај недостатокот на апликации, еден од проблемите на Windows се и не баш добрите перформанси, а посебно во споредба со тие на Apple.

Qualcomm Oryon процесорот ќе стане дел од Snapdragon серијата, а од идната година ќе можеме да го видиме како дел од некој чип наменет за компјутерите. Одличните перформанси кои се најавуваат, заедно со развојот на Window 11, може да донесат зголемување на ваквите компјутери генерално на пазарот.

Инаку, една од поголемите предности на ARM чиповите е доста помалата потрошувачка, а посебно кога компјутерот се користи за „обични“ активности. MacBook Air компјутерите на пример, функционираат повеќе од 15 часа на едно полнење.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаiPhone 15 Pro серијата ќе биде уште поразлична од „обичните“ iPhone 15 телефони
Следна статијаШулц од Социо-еколошкиот форум во Скопје: „ЕУ мора да сфати дека и земјите од Западниот Балкан се дел од Европа и тие мора да бидат вклучени во нејзините стратегии“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.