Независно дали сте љубител на персонален компјутер или на преносен компјутер најновиот чип од Intel нема да ве остави рамнодушни. Направен со употреба на најсовремена 14-нанометриска технологија, ефикасниот Core M процесор наскоро ќе може да се користи за два во едно компјутерите кои ќе бидат потенки и полесни одколку моменталните на пазарот. Линијата на процесори Core М се еден од клучните чекори за целта на Intel да биде поконкуретна компанија на пазарот за мобилни. Најпопуларните таблет компјутери во денешно време користат ARM чипови што дозволува потенок дизајн и подолго траење на батеријата од тоа што го нуди Intel до сега. Но, Core M тоа ќе го промени со тоа што ќе го задржи тенкиот дизајн, а во иднина може и да го подобри, но нуди и ефикаснонст еднаква со домашен персонален компјутер.
Оваа линија на процесори како што веќе напоменавме користи 14-нанометарски процес што овозможува Intel да креира помали и енергетско ефикасни чипови. Haswell процесорите кои се наоѓаат во повеќето денешни компјутери се потпираат на постара 22-нанометарска технологија. Intel тврди дека нивните уреди со Core M процесор ќе нудат подобри перформанси иако чиповите користат 45% помалку енергија и генерираат 60% помалку топлина.
Intel покажа прототип на два во едно таблет кој користи Core M процесор и го нарекуваат Llama. Дебелината на овој таблет е 7.2мм, уредот е потенок од iPadAir, но нуди поголем екран од 12.5 инчи и тежи околу 700 грама.