android-logo

Наредната верзија од Android оперативниот систем е во својата финална фаза и достапна за корисниците. Се разбира како и секогаш, надградбата први ја добиваат корисниците на Google уредите, односно Nexus 5, Nexus 7 сите модели, како и Google Play верзиите од другите производители и Motorola G и Е моделите. Корисниците на овие уреди треба да почнат да ја добиваат надградбата во наредните денови, а корисниците на некој од посебните ROM-ови за истото ќе треба да причекаат, иако според некои информации Cyanogenmod и слични можно е да ја вклучат новата верзија прилично брзо. Што се однесува до корисниците на уреди од Samsung и слично, како и до сега, надградбата ќе ја добиете во некој од наредните месеци.

Android 4.4.3 како што може да се види и од малата промена во бројката, е мала надградба која што во главно се фокусира на заднински промени, како подобрување на перформансите, сигурноста и исправка на одредени проблеми кои што ги имаат корисниците во претходната верзија. Програмерите, односно тие што сакаат да ја видат целосната листа од преку 7.000 промени во споредба со 4.4.2, истото можат да го направат на следниот линк. Исто така достапни се Factory Images за тие кои што сакаат да ја инсталираат најновата верзија на нивните отклучени уреди.

Најистакнатата промена во Android 4.4.3 која што ќе ги интересира обичните корисници е новата верзија од Dialer апликацијата, односно апликацијата за бирање на телефонски броеви. Апликацијата не е целосно нова, но вклучува доста подобрувања во начинот на прикажување на броевите и контактите, како и промена на бојата од црна во бела.

 

Претходна статијаНова верзија на Instagram, донесува 10 нови алатки и подобрување на постојните
Следна статијаIntel со нов Core M процесор
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.