Galileo 2.0 е втората генерација на open-source компјутери кои ќе бидат достапни наскоро. Овој компактен „најспор во најбрзите“ мали, отворени компјутери би бил главна компонента на голем број ентузијасти кои се заинтересирани за интегрирање на компјутери од ваков тип во своите сопствени креации како и аматерски и професионални зафати за развивање на роботи. Па така, не е ни чудно што овој компјутер има за цел да биде достапен и интересен за пошироката јавност.
Претходната генерација на Galileo е достапна за од прилика 70$ со солидно добри перформанси за ваква мала направа. Вградениот еднојадрен процесор Quark кој работи на 400MHz со 16КB кеш меморија и 512KB вградена SRAM меморија и 256MB DRAM се покажа како добра стартна точка при сериското производство на ваквите направи кои се нудат денес на светскиот пазар. Дополнително ова мини „do-it-yourself“ компјутерче содржи слот за MicroSD картичка до 32GB како дополнителна меморија на вградената 8MB SPI NOR флеш меморија потребна за firmware-от и bootloader-от. Поврзувањето се врши преку RS-232 сериски порт, еден стандарден 2.0 USB порт и дополнителен USB Client порт за програмирањето.
Intel најави дека овој производ ќе биде официјално достапен за брзо време, па единствено што ни останува во најблиска иднина е да ја почекаме презентацијата која ќе се случи наредната среда на која со повеќе детали ќе излезе заменик претседателот и генерален менаџер на Intel New Devices Group, Mike Bell на овогодинешното MakerCon во градот Redwood, California.
Според очекувањата на јавноста и познавачите на овие мини компјутери, новата 2.0 верзија на Galileo би требала да има уште половина од моќноста на својот претходник.