avion-switch

Оваа година можевме да видиме повеќе решенија кои што се наменети за правење на вашиот дом „паметен“. Тоа значи дека со сега достапната технологија, можете да ги поврзете скоро сите ваши уреди кои што ги имате дома и да ги контролирате преку мобилна апликација, интернет и слично.

Еден од за мене поинтересните трендови е правењето на паметни сијалици и слични уреди за осветлување кои што можат да бидат контролирани преку апликација. Истото овозможува нивно вклучување од позиција кај што немате прекинувач, можност за проверка кога ќе излезете и многу повеќе.

Меѓутоа, она што е заедничко кај повеќето вакви решенија е користењето на мобилна апликација за нивно контролирање. Колку и да е тоа интересно и корисно во многу ситуации, често сакате достапноста на технологијата да овозможи нешто што и не е толку „напредно“. Со други зборови, сијалиците можеби е најдобро да бидат контролирани преку нивните прекинувачи, а технологијата може да го унапреди токму тој тел.

Ова е нешто на кое што се имаат сетено од Avi-On кој што покрај понудата на паметни сијалици, штекери и слично, нудат и паметен прекинувач. Прекинувачот работи преку Bluetooth, како и батерија, па неговото местење и приклучување на вклучува кабли и слична инсталација.

Тоа овозможува да овој прекинувач го поставите буквално на онаа позиција која што сакате, а секогаш кога ќе се премислите, можете да го пренесете на нова, без потреба од бушење и менување на инсталацијата. Avi-On се поставува на ѕидот преку самолеплива трака, а исто така овозможува и да биде зашрафен доколку така сакате.

avi-on-content

Покрај сијалицата и паметните преносен прекинувач, Avi-On нуди и апликација која што е достапна за Android и iOS. Ова овозможува да сепак го користите системот како и другите паметни системи. Преку апликацијата сијалиците може да бидат вклучувани и исклучувани, а исто така може да се намести и програма во текот на тенот.

Паметните уреди помеѓу себе комуницираат преку mesh мрежа, што значи дека немаат потреба од посебен уред за да се поврзат меѓусебно. За да може да биде овозможено контролирање на системот и преку интернет, од компанијата планираат да понудат и додатен уред за заинтересираните корисници.

Извор: Avi-On

Претходна статијаГолема акција на Xiaomi во петок – 10% попуст на сите производи од програмата
Следна статијаВеб-страницата WT WOX наброја 10 преносни технологии кои наскоро ќе можеме да ги вградиме во телото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.