OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Компанијата Amazon е позната по своите одлични е-читачи кои не губат популарност меѓу корисниците, а по повеќето гласини компанијата денеска ги претстави Kindle Voyage и обичниот нискобуџетен Kindle.

Она што го прави Voyage добар е-читач е бистриот 6 инчнен екран на кој се чита совршено благодарение на 300 ppi резолуција. Секако дека не се потребни моќни спецификации и сета технологија е свртена кон екранот. Од Амазон исто така се пофалија дека издржливото стакло е гравирано на микроскопско ниво со што се намалува отсјајот, слично на заштитните мат-лепенки.

Последната генерација на е-читачи од Amazon има повеќе новитети кога станува збор за читање. Новите сензори од страна на екранот всушност служат за вртење на страната, нешто што Amazon веќе една деценија се обидува да го реши. Многу слаба вибрација го информира корисникот дека неговата команда е успешна.

Amazon_Kindle_and_Kindle_Voyage

Покрај хардверските новитети Kindle Voyage кој ќе чини 200 долари во себе има низа новитети за обожавателите на книги. Опцијата семејна библиотека која треба да се појави наскоро овозможува корисниците да ги споделат своите книги со најблиските. Додека Time to Read е персонализирана апликација која ја мери брзината на читање и која се менува во зависност од навиките на читателот.

Amazon покрај Voyage претстави и нискобуџетен Kindle кој ќе чини 79 долари. Она што недостасува кај оваа верзија е што екранот не е ни приближно добар како Voyage (има само 167 ppi), но сепак не може и повеќе да се очекува од толку ефтин е-читач.

Извор: Amazon, Cnet

Претходна статијаРусија развива гориво за генерирање на нуклеарна енергија без радиоактивен отпад
Следна статијаMicrosoft го претстави Xbox One контролерот за Windows