sun-1

Првата серија од најновите палети нуклеарно гориво кои ќе се користат во атомската енергетика од иднината се произведоа на Факлутетот за Хемија и Рударство во Zheleznogorsk во регионот Krasnoyarsk, Русија.

Првите десет килограми од горивото MOX- микс од плутониум и ураниум диоксид (UO2 и PuO2), беа индустирски произведени од рускиот нуклеарен монопол Rosatom. Првите таблети од ова гориво во светот се веќе во сериско производство и се наменети за рускиот BN-800 нуклеарен реактор со брзи неутрони од идната генерација, кој моментално е предмет на тестирање во нукларната централа Beloyarskaya.

МОX (Mixed Oxide) горивото е нуклеарно гориво кое се состои од повеќе од еден оксид од фисиски материјал, обично се состои од плутониум со природен ураниум, репроцесиран ураниум или осиромашен ураниум. MOX горивото е алтернатива на горивото LEU кое има мал процент ураниум, а доминира во генерирањето на нуклеарна енергија.

Производствената линија, која моментално е во процес на стартување и адаптација, се наоѓа во рудник 200 метри под земјата и ќе биде целосно оперативна до крајот на 2014.

Фисиските реактори го решаваат проблемот со исцрпеното ураниумско нуклеарно гориво на планетава. Реакторите можат не само да согорат класичен ураниум-235, туку и ураниум-238 кој го има во изобилство и со тоа се зголемува речиси за 50 пати капацитетот на нуклеарно гориво во светот.

Горивото за реактори со брзи неутрони може дури и да биде направено од нуклеарен отпад, што е од непроценливо значење од еколошка гледна точка.

GKhK ( комбинатот за рударство и хемија) објектот ќе биде опремен со уникатен реактор за разложување на нуклеарниот отпад кој содржи плутониум и екстрахирање на плутониум диоксид што ќе се користи за производство на MOX гориво.

Исто така, во текот на произведувањето на електрична енергија, брзите неутронски реактори генерираат материјал кој исто може да се искористи како нуклеарно гориво.

MOX-горивото за минатите верзии на брзи реактори за репродукција во USSR и Русија имаше ограничено производство во најстариoт објект за нуклеарно процесирање Mayak.

Почнувајќи од 2016, производството на MOX-гориво на индустриско ниво во Русија ќе се одвива со полн капацитет.

Според изјавата од Rosatom, MOX-горивото е целосно во согласност со техничките спецификации, а и наскоро ќе биде темелно тестирано.

Човештвото веќе создаде толку големи количини нуклеарен отпад, така што ќе се потребни стотици години за тоа да биде процесирано и рециклирано. Засега единствената надеж е технологијата со брзи-неутронски реактори.

Овој тип на реактори користат технологија која ја овозможува употребата на поширок опсег од радиоактивни елементи како гориво, а со тоа значително се зголемуваат потенцијалните залихи на нуклеарно гориво за производство на енергија.

Следен чекор е BN-1200 реактор кој се очекува да биде сетиран во Beloyarskaya до 2020, а до 2030 се очекува да бидат изградени осум вакви реактори. Според ова Русија е единствената нација која влегува во нова ера во сферата на производство на нуклеарна енергија.

Извор: Rt

Претходна статијаBleep: Апликацијата за тајни разговори од BitTorrent достапна за тестирање за сите корисници
Следна статијаAmazon претстави нова генерација е-читач со одличен екран