Samsung преку својата Galaxy Upcycling програма им најде намена на стари Galaxy телефони, кои наместо да станат дел од големиот електронски отпад, ќе помагаат во дијагностицирањето на очните проблеми во земјите каде ваквата медицинска услуга е слабо достапна.
Конкретно се работи за додавање на старите Galaxy телефони на Samsung EYELIKE камерата, каде телефоните се користат за сликање на сликите од окото, а потоа со помош на вештачката интелигенција се прави анализа и дијагностицирање на потенцијалниот проблем. На овој начин се овозможува дијагностицирање и препорака за начинот на лечење, со многу помал трошок од целосно опремените ординации.
Земјите кои ќе имаат можност да ја користат оваа предност од Samsung Upcycling се Виетнам, Индија, Мароко и Папуа Нова Гвинеја.
Според информации од СЗО, истакнуваат од Samsung, најмалку 2,2 милијарди луѓе имаат некоја форма на оштетување на видот кои доведуваат до ситуации кои можат да бидат спречени, но не се навреме откриени.