По дознавањето дека податоци за повеќе од 530 милиони сметки на Facebook се достапни јавно, од компанијата излегоа со повеќе детали околу случајот. Тие информираа дека податоците биле собрани преку искористување на пропуст на функцијата за прикачување на контактите од уредот на корисникот на серверите на Facebook. Пропустот е откриен и исправен во септември 2019, па се верува дека собирањето на податоците се има случено пред тој период.

Во изјава за Reuters, од Facebook информираа дека тие нема да ги известуваат корисниците кои се дел од сметките чии податоци се собрани. Причината за тоа е поради тоа што тие не можат да бидат целосно сигурни за кои сметки се работи, а исто така корисниците нема што да направат во врска со тоа. Лозинките не се дел од податоците кои се протечени, а обично тоа е ситуација во која корисниците можат нешто да преземат.

Дел од податоците се информации како имејл адреси, целосни имиња, родендени, телефонски броеви, локации и слично. Ова се доволно податоци за да може да се каже дека приватноста на корисниците е сериозно нарушена, а може да се искористат за потенцијално пробивање на други нивни сметки.

Иако Facebook нема да известува дали сте дел од погодените сметки, сепак како што објавивме оваа недела, тоа можете самите да го проверите преку познатиот Have I Been Pwned сервис со внесување на вашата имејл адреса со која се најавувате на Facebook.  

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHarmonyОS: Huawei го претстави новиот концепт на поврзување за поедноставен живот
Следна статијаSamsung пренаменува стари Galaxy телефони за користење во медицински цели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.