1

Денеска, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, отвори коворкинг простор и акцелератор, Hub Скопје.

Hub Скопје е иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза од развојот, фриленсери и индивидуалци кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Hub Скопје нуди работна околина – биро, пристап до интернет и сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување – совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент.

hub skopje 1

Во своето обраќање, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн рече: “Hub е креиран во духот на соработка. Им честитам на сите наши партнери денес: Проектот за микро и мали претпријатија, имплементиран од CEED и кофинансиран од Владата на Швајцарија, кој обезбеди финансии, Млади инфо, кои ни помагаат да стигнеме до младите претприемачи и Impact Hub Global, мрежа која ќе ни помогне да обезбедиме врвни услуги.”

Госпоѓа Катарина Штокер, заменик шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија изјави: “Во последните осум години, во Швајцарија се отворени 50 нови коворкинг простори и бројот расте. Се надевам дека Македонија многу брзо ќе се најде на мапата земји со завиден број на коворкинг простори и бизнис акцелератори”.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, во вредност од 1,949 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат на целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е имплементатор на Проектот и е една од институциите во наследство на УСАИД.

Претходна статијаСпоред граѓаните во Македонија Македонски Телеком има најдобра мрежа
Следна статијаWindows 10 Mobile конечно ќе стане достапен од 29-ти февруари?