Windows-10-Range-Lumia-950-950XL-jpg

Излегувањето на финалната и официјално достапна за сите корисници верзија од Windows 10 Mobile се одложува веќе неколку пати. Последната информација надградбата ја најави за овој месец, па она што денес можеме да го прочитаме оди во правец на нејзина потврда.

Конкретно, на прашање поставено од корисник на Facebook страната на Microsoft Mexico, одговорот што го добива е следниот:

„Здраво, надградбата на Windows 10 ќе биде достапна од 29-ти февруари, но запомнете дека не сите уреди ќе може да ја инсталираат. Поздрав.“

Од Microsoft нема официјална потврда на оваа информација, а не е ни познато дали можеби оваа дата ќе биде само за тој регион, односно во Мексико и регионот.

Како и да е, Windows 10 Mobile веќе подолго време се одложува, а ако се земат во предвид тест верзиите кои се достапни за сите заинтересирани корисници, оперативниот систем е спремен за пуштање. Тоа значи дека не очекуваме да има уште некои поголеми одложувања, па корисниците може да очекуваат во периодот што следи да ја добијат оваа долгоочекувана верзија од оперативниот систем.

Инаку, Windows 10 Mobile Insider Preview верзијата веќе подолго време на добива нови функции, па редовните надградби се насочени кон исправка на багови, како и подобрување на перформансите. Ова е очекувано да биде случајот во период кога оперативниот треба да биде официјално пуштен за сите корисниците, односно за сите компатибилни уреди.

Извор: Windows Central, WMPU

Претходна статијаУСАИД го отвори Hub Скопје, иновативен бизнис акцелератор
Следна статијаПретставен Meizu PRO 5 Ubuntu Edition – Досега најдобриот Ubuntu телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.