17127808431_5ccfd017cd_z

При крајот на минатата година, SpaceX го направи своето прво успешно вертикално слетување на ракета, по успешната мисија носејќи товар во орбитата на Земјата.

Ова беше важно достигнување за компанијата којашто претходно имаше два неуспешни обиди да изведе вертикално слетување, меѓутоа на платформа во океан, не на копно како што беше овој случај.

Добра мотивација за успешната мисија и обид да се направи слетување на копно беше ракетата на Blue Origin, коишто технички ги „претркаа“ SpaceX станувајќи првата компанија којашто има направено вакво слетување успешно.

За SpaceX изгледа слетувањето на копно не е доволен предизвик, па откако успешно го направија тоа, сега повторно сакаат да се обидат на платформа во океан.

На 17-ти овој месец, SpaceX има уште една мисија, овој пат од NASA, по што ќе се обиде делот што се издвојува и каде што не се наоѓа товарот, односно ракетата, да ја слета назад на Земјата на платформа во океан.

Платформата во основа е брод којшто се управува самиот, односно и со помош на луѓе од друга локација. Тоа е и една од предностите на слетувањето на ваква платформа, шансите за повреда на луѓе е значително помала, односно и не постои.

Ракетата којашто ќе се користи за оваа мисија сепак не е истата којашто успешно слета минатиот месец. Истата веќе се смета за застарена, па ќе се користи понова верзија со соодветни прилагодувања за подобри шанси за успешно слетување.

Извор: Engadget, TechCrunch

Фото: Flickr/SpaceX

Претходна статијаFacebook Messenger го користат повеќе од 800 милиони корисници месечно
Следна статијаRuggie – Аларм во форма на черга нема да престане додека не стапнете на неа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.