messenger2016

Иако изборот на сервиси и апликации за комуникација не е мал, тоа не е пречка најпознатите од нив да прикажуваат успех, односно само тие да имаат огромен број на корисници.

Facebook во посебен извештај за минатата година, истакна дека нивниот Messenger го користат повеќе од 800 милиони корисници. Оваа бројка претставува зголемување од претходниот период, а од компанијата најавуваат дека не планираат да престанат со развојот на оваа платформа.

Facebook Messenger секако не е најмногу користениот ваков сервис. Конкуренцијата е голема, а тука се Viber, WhatsApp, Skype и други. Меѓутоа, она што покажуваат овие бројки е дека Facebook не застанува додека не стане и главната платформа за комуникација на корисниците.

Зголемениот број на корисници во главно се должи на сите оние промени за кои што можевме да прочитаме изминатата година. Messenger апликацијата редовно е надградувана со што корисниците добиваа подобри перформанси, но и нови функции.

Оваа апликација на корисниците почна да им нуди можност за аудио и видео повици, можност за испраќање на интересни стикери, а понатаму и други видови на анимации, лесно споделување на слики, а исто така е повеќе функции за деловните корисници.

Можеби најважно од се за зголемениот број на корисници е овозможувањето за користење на Messenger без потреба од најавување со Facebook сметка. Тоа им овозможи на корисниците да го користат Messenger само со нивниот телефонски број, а со тоа да го користат наместо Viber или WhatsApp.

Оваа вест од Facebook не значи дека другите платформи може да очекуваат пад на корисниците. Се поголем број од населението добива пристап до интернет и паметен телефон, а комуникацијата се помалку се прави преку SMS пораки, па дури и телефонски повици.

Извор: Facebook, TNW

Претходна статијаRazer Blade Stealth – Ултра тенок лаптоп преку ден, гејмерски десктоп навечер
Следна статијаSpaceX повторно ќе се обиде да направи вертикално слетување на платформа во океан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.