Според познатиот медиум Reuters, наредните на листата за купување од страна на Microsoft се Netflix. Оваа компанија претставува логичен нареден чекор, а од Reuters имаат и неколку аргументи зошто сметаат дека тоа е така.

Тие исто така истакнуваат дека Сатја Надела, по стапувањето на позицијата главен директор на Microsoft во 2014, ги направи некои од најголемите купувања на компании. Тука се купувањето на компанијата која ја развиваше познатата игра Minecraft за 2,5 милијарди долари, LinkedIn за 26 милијарди, а секако се истакнува и уште несигурното купување на Activision Blizzard за 69 милијарди.

Според Reuters, Microsoft и Netflix веќе се блиски компании. Покрај тоа што претседателот на одборот на директори на Microsoft, Бред Смит, e член на одборот на Netflix, двете компании започнаа и соработка за рекламирање на Netflix.

Netflix го избра Microsoft како партнер за прикажувањето на реклами за новата Basic with Ads претплата која беше најавувана со месеци. Ова значи дека компаниите кои сакаат да се рекламираат на Netflix, тоа може да го прават преку системот на Microsoft

Уште еден аргумент кој се користи од страна на Reuters e желбата на Microsoft да подлабоко навлезе на гејминг пазарот, а посебно и на делот каде се нуди стриминг на видео игри.

Овој пазар Netflix почна доста сериозно да го таргетира, па покрај купувањето на неколку гејминг студија, од компанијата направија и сопствено.

Reuters веруваат дека објава на ваков план од Microsoft би можела да се случи уште идната година. Секако, ова не може да се смета до толку сигурно, па иако анализата на медиумот е логична, многу други фактори влијаат на донесувањето на една ваква одлука.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаКако да ја исклучите функцијата на Windows 11 со која Microsoft го користи вашиот компјутер за надградба на други компјутери
Следна статијаOnePlus 11 во Кина ќе биде претставен на 4 јануари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.