OnePlus го најави настанот на кој ќе го претстават нивниот OnePlus 11, како и уште неколку други производи, за 7 февруари идната година. Сепак, овој телефон ќе го видиме месец дена порано затоа што ќе биде претставен прво во Кина, а настанот во оваа земја е закажан за 4 јануари, односно идната среда.

Претставувањето во Кина беше најавено преку кинеската мрежа Weibo, на која беа објавени и слики од изгледот на телефонот, како и неколку карактеристики. OnePlus, нешто слично како Google, не оставаат многу на шпекулациите, па повеќето информации веќе ги имаме уште пред настанот.

Две бои се гледаат како главни во кои ќе биде достапен OnePlus 11, а тоа се црна и зелена. Зелената боја изгледа ќе биде актуелна, односно достапна на повеќе уреди од највисоката класа.

Друго што беше јасно уште претходно е користењето на Snapdragon 8 Gen 2, а сега беше додадена информацијата дека на тоа треба да се додаде и изборот од 12 и 16GB LPDDR5X RAM и 512GB UFS 4.0 простор за податоци. Секако, OnePlus 11 ќе работи на Android 13.

За камерите сепак ќе мора да го почекаме настанот, а се што официјално се кажуве е дека тие се направени во соработка со познатиот бренд Hasselblad.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаReuters: Netflix ќе биде нареден на шопинг листата на Microsoft
Следна статијаМакедонскиот процесор КАСИС станува дел и од UNION PAY International
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.