Фото: Shutterstock.com

Bloomberg оваа недела излезе со информација од нивни извори според која SoftBank, сопственикот на ARM, ги има известено инвеститорите дека не очекуваат да се реализира договорот со Nvidia. Како алтернатива на ова, од компанија планираат да го реализираат вториот план кој го имале порано, а тоа е да ги понудат акциите на ARM јавно, со што би дошле исто така до поголема сума на пари.

Од Bloomberg истакнуваат дека уште ништо не е конечно одлучено и двете компании уште се надеваат дека ќе може да се реализира договорот. Ваквите најави сепак доаѓаат поради големото противење на повеќе државни институции, а посебно конкурентите на Nvidia кои имаат соработка со ARM.

Американската FTC дури поднесе тужба за блокирање на продажбата на ARM, во која се наведува можноста за задушување на конкуренција кои ги користат дизајните за чипови од оваа компанија, а се истакнува и пристапот до голем број на информации кои ARM ги има за сегашните конкуренти на Nvidia.

Инаку, Nvidia и ARM официјално го постигнаа договорот за купување во септември 2020 кој има вредност од околу 40 милијарди долари. Доколку Nvidia успее да го реализира договорот тоа ќе биде голема предност за нив и не е воопшто чудно да се замисли дека може да дојде до проблем за конкурентите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаWizz Air инсталираше трет симулатор за целосен лет во центарот за обука во Будимпешта
Следна статијаPanasonic ќе започне со производство на нови батерии за Tesla кои ќе ја зголемат километражата на автомобилите за 15%
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.