Фото: Shutterstock.com

Во септември минатата година, Nvidia и ARM постигнаа договор за спојување, односно за купување на ARM од страна на Nvidia. Овој договор е проценет на околу 40 милијарди долари и претставува еден од најголемите во овој сектор.

Очекувано, американската FTC поднесе тужба со која има за цел да го блокира овој договор. Иако Nvidia ги негира, мора да се признае дека аргументите на американското регулаторно тело се доста логични и се поставува прашањето дали нема да се случи токму тоа што тие го тврдат.

Според FTC, доколку дојде до спојување на овие две компании, може да дојде до задушување на конкуренцијата. До тоа би можело да дојде поради тоа што ARM е главната компанија која ги дизајнира чиповите кои се најпознати по нивното користење кај мобилните. Тие исто така ја дизајнираат и развиваат архитектурата на овие чипови, па потоа овие дизајни ги лиценцираат на компаниите кои ги дизајнираат целосно нивните чипови, па ги произведуваат.

Иако ARM на повеќето им се познати по мобилните чипови, сепак дизајните од оваа компанија се користат и кај компјутерите, дата центрите, автомобилската индустрија, а најважно од се во оваа тужба, тие се користат и од страна на Nvidia.

Nvidia ги користи дизајните од ARM за развојот на сопствените графички процесори, а Nvidia исто така развива и чипови за дата центрите и автомобилската индустрија.

Доколку ARM стане дел од Nvidia, FTC истакнува дека ќе се намали мотивацијата на оваа компанијата да продолжи исто да развива и иновира, а посебно да ги споделува своите нови дизајни со моменталните клиенти, конкуренти на Nvidia.

Покрај ова тврдење, FTC исто така истакнува дека со купувањето на ARM, Nvidia ќе добие пристап до голем број на податоци кои компаниите ги споделуваат со ARM како дел од договорите за лиценцирање на технологија.

Кога ќе се земе во предвид дека компании како Qualcomm, Samsung, Apple и други, ги користат дизајните од ARM за развојот на нивните чипови, очекувано беше дека спојувањето помеѓу Nvidia и ARM нема да помине баш така лесно.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаProject Starline од Google ги прави видео повиците како луѓето навистина да седат еден спроти друг
Следна статијаА1 Македонија со најдобрата новогодишна промоција во мобилната телефонија досега
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.