Фото: Shutterstock.com

Panasonic ќе започне со производство на нивната претходно најавена батерија за електрични автомобили, 4680. Според најавите, производството треба да започне од идната година, а батериите ќе ги користи Tesla во нивните автомобили кои ќе добијат можност за поголема километража на едно полнење.

Зголемувањето на километражата, според Tesla, на нивниот Model S, се очекува да биде 15%, односно автомобилот со едно полнење ќе може да помине околу 750 километри. Овој автомобил сега со едно полнење може да помине 650 километри.

Новата батерија исто така треба да придонесе до намалување на трошокот за производство, како и бројот на батерии кои се користат во еден автомобил, а нивната вредност моментално е околу 30% од автомобилот.

Големината на батеријата е дупло поголема од сегашните батерии, но поради повеќе пати зголемениот капацитет, ќе може да се користат помал број на батерии.

Од Panasonic очекуваат дека поради ваквите батерии ќе се забрза процесот на префрлување на електрични автомобили во светот, нешто што иако не се одвива толку бавно, сепак има уште доста за да се каже дека е доволно.

Неколку производители во Кина имаат батерии кои овозможуваат поголема километража за автомобилите, а една од нив ќе ја користи Mercedes-Benz. Ова значи дека конкуренцијата во зголемувањето на капацитетот и безбедноста на батериите за електричните автомобили е доволно голема, па може да се очекува поголем напредок во годините што следат.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Nikkei
Претходна статијаNvidia планира да се откаже од купувањето на ARM
Следна статијаSamsung Galaxy S22 официјално ќе бидат претставени на 9ти февруари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.