Фото: Shutterstock.com

Меморандум испратен до вработените, до кој имаат дојдено The Verge, открива формирање на нов сектор во компанијата наречен „New Monetization Experiences“, кој не се знае точно што би требало да донесе, но може да се претпостави.

Се верува дека овој нов сектор ќе работи на развој на можност за плаќање од страна на корисниците за добивање на нови и ексклузивни за нив функции на мрежите и сервисите од компанијата, односно на Facebook, Instagram и WhatsApp.

Meta веќе овозможува одредена доплата, иако во главно приходите им доаѓаат од рекламирање.

Претпоставките се дека токму овој дел од бизнисот е и причината зошто се размислува за дополнително приходи, односно големиот пад на заработка од реклами во најголем дел поради новата функција на Apple, App Tracking Transparency.

Facebook и другите апликации не би требало да добијат можност за претплата и користење на мрежите без реклами. Новите функции за кои ќе се плаќа најверојатно ќе бидат повеќе во правец на дополнителни можности, како посебни „стикери“ и слично, нешто слично како што направија конкурентите како Telegram.

Едно е сигурно, со се поголемите кампањи за зголемување на приватноста на корисниците, јасно е дека Meta нема да може да продолжи да функционира само врз основа на приходи од реклами.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаХалки изненадување за среќен почеток на 3.000 првачиња
Следна статијаДонација од „Макпетрол“ за основните училишта во општина Центар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.