Telegram денеска официјално ја претставија најавуваната претплата за користење на апликацијата. Telegram Premium ќе им овозможи на корисниците доста ексклузивни функции за 5 долари месечно, а од компанијата истакнуваат дека ова ќе им помогне да продолжат да ја развиваат апликацијата уште долго време. Бесплатната верзија останува достапна како и досега со стандардните функции.

Од компанијата исто така информираат дека нивната апликација ја користат повеќе од 700 милиони корисници месечно, а тоа е постигнато без ниту една реклама, целосно преку препорака од корисниците.

Што се однесува до тоа што го добиваат Telegram Premium корисниците, листата и не е толку мала, па со оглед на не нешто посебно високата цена, сигурно одреден процент од корисниците ќе се одлучат да се претплатат.

Telegram Premium корисниците добиваат дупло поголемо ограничување за големината на датотеките кои се испраќаат во разговорите од 4 гигабајти, а овие датотеки ќе можат да ги симнат и корисниците на бесплатната верзија.

Исто така, Premium корисниците ќе можат да ги симнуваат датотеките со максималната брзина која ја имаат на нивниот интернет пристап, односно нема ограничување.

Telegram Premium корисниците добиваат и дуплирање на за скоро сите работи во апликацијата, па така тие ќе можат да се приклучат на 1000 канали, ќе можат да „закачт“ 10 разговори, да креираат до 20 папки за разговорите со по 200 разговори во секоја, ќе можат да додадат четврта сметка на апликацијата и да зачуваат до 400 „gif“ слики.

Покрај ова, како што се очекуваше, Premium кориниците ќе имаат пристап до уникатни стикери кои ќе имаат анимација на целиот екран, а ќе можат да ги гледаат и корисниците на бесплатната верзија. Заедно со стикерите, овие корисници добиваат и уникатни реакции на пораките.

Telegram Premium корисниците добиваат и повеќе можност за „менаџирање“ на нивните разговори, односно избор во која папка се отвора апликацијата, анимирани профилни слики, премиум беџови, премиум икони за апликацијата и секако ќе можат да ја користат апликацијата без реклами.

Од Telegram најавија и неколку новини за сите корисници, односно не само за Premium, а тие вклучуваат можност за додавање на барања за приклучување во групите, беџови за верификување на корисниците во разговорите, подобри „ботови“, како и подобрен преглед на пораките на Android.

Целата листа со новости можете да ја погледнете тука.

Претходна статијаТри четвртини од пушачите сакаат носителите на одлуки да ги земат предвид нивните ставови при изготвување на регулативите за тутун и никотин
Следна статијаPickbox NOW: Топ 5 филмови кои веднаш ќе нè вовлечат во летната атмосфера
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.