По одбивањето на тужбата од американската Федерална Комисија за Трговија (Federal Trade Commission – FTC) минатата година, истиот Окружен Суд за Округот Колумбија сега го одобри продолжувањето на тужбата поради поднесување на нови и доволно докази.

Тужбата се однесува на тврдењето на FTC дека Meta, поранешна Facebook, има монополска позиција на пазарот на лични друштвени мрежи, а истата успева да ја задржи со купување на конкурентите, како и нивно попречување во работата.

FTC во својата тужба имаше и дел за практиките на Facebook, но судот повторно одлучи дека таа тужба не треба да продолжи, објаснувајќи дека истите се променети уште во 2018 година.

Судот во своето објаснување истакнува три точки поради кои овој пат се има одлучено да ја прифати дополнетата тужба од FTC.

Прво, судот смета дека FTC сега има донесено доволно факти кои укажуваат на тоа дека Meta навистина има монополска позиција, нешто што не беше случајот минатиот пат.

Второ, агенцијата има донесено доволно докази дека влегувањето на пазарот е заштитено со пречки и трето, Meta не само што има монополска позиција, истата свесно ја одржува преку одредени активности, конкретно преку купување на конкуренцијата, а точно се истакнуваат купувањата на WhatsApp и Instagram, компании кои би можеле да бидат сериозна конкуренција на Facebook доколку не биле купени.

Сепак се работи за долг процес кој од Meta секако ќе продолжат да се обидуваат да го прекинат, па ќе видиме во кој правец ќе се движат работите. Од судот и самите истакнуваат дека останува задачата на FTC да успее да ги докаже своите тврдења, а дотогаш работите може да продолжат да функционираат без проблем.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаФиналната спецификација на PCIe 6.0 официјално завршена со дупло поголема брзина и пренос на податоци
Следна статијаКритики кон познатиот Norton за вклучување на софтвер за „копање“ на крипто валути
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.