Иако повеќето производи за обичните корисници уште користат PCIe 3.0 или PCIe 4.0, PCI-SIG, организацијата која стои зад развојот на стандардот, ја објави најновата PCIe 6.0 спецификација. Оваа спецификација се претставува три години по претставувањето на PCIe 5.0, а со себе донесува доста големи подобрувања.

Преносот на податоци, односно и брзината на пренос, двете можеби најважни карактеристики кај овој стандард, добиваат дуплирање на вредностите. Поточно, преносот на податоци кај PCIe се зголемува на 64 GT/s, додека брзината на 256 GB/s кај x16 конфигурациите.

Со оглед на доста поголемите брзини, клучни се и останатите карактеристики на стандардот кои ќе се погрижат за стабилноста на преносот, како и исправката на грешките и загубите кои се појавуваат.

PCIe 6.0 доаѓа со PAM4 сигнализирање, FEC и CRC за исправка на стапките на грешки, Flit, а исто така ги поддржува претходните генерации од стандардот.

Кога ќе се земе во предвид која верзија од стандардот се користи кај повеќето производи, PCIe 6.0 во главно се најавува дека најголемата примена и разлика ќе ја направи кај кратко кажано бизнисите и институциите, како што се дата центрите, учењето на вештачката интелигенција, армијата, вселенските програми и слично.

За потсетување, PCIe е кратко кажано „слотот“ кај матичните плочи на кои се поставуваат и поврзуваат графичките картички, SSD дисковите, останатите дискови и слично. Брзината на пренос на податоци, стабилноста и останатите карактеристики се од големо значење за корисничкото искуство, а посебно кај корисниците кои купуваат компјутери од високата класа и ги користат за работа.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2PCI-SIG
Претходна статијаЛинијата на монитори на Samsung постави нов CES рекорд со девет награди
Следна статијаФедерален судија во САД одобри продолжување на тужбата за монополска позиција на Meta од страна на FTC
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.