facebook-whatsapp

Facebook постигна договор за купување на познатата апликација за испраќање на пораки WhatsApp. Сумата на која што е направен договорот изнесува 16 милијарди долари, односно 4 милијарди во готово и 12 милијарди во форма на акции од Facebook. Исто така Facebook ќе овозможи дополнителни 3 милијарди во форма на ограничени акции за основачите и вработените на WhatsApp.

Според постигнатиот договор Facebook ќе треба да исплати 1 милијарда долари во случај да поради одредени причини договорот не биде спроведен, како не добивање на потребните дозволи од регулаторите. Исто така Facebook ќе треба да им издаде и обични акции на WhatsApp во вредност од 1 милијарда долари.

Како што истакнуваат во своето соопштение, WhatsApp има повеќе од 450 милиони корисници што го користат сервисот секој месец, 70% од тие луѓе се активни во даден ден, раст на корисничката база од 1 милион корисници на ден.

WhatsApp е на пат да поврзе 1 милијарда луѓе. Сервисите кои што успеваат да стигнат до таа точка се неверојатно вредни. Го познавам Јан подолго време и сум возбуден да бидам партнер со него и неговиот тим за да го направиме светот поотворен и повеќе поврзан. – Mark Zuckerberg

Jan Koum ко – основачот и главен извршен директор на WhatsApp ќе се приклучи на бордот на директор на Facebook. WhatsApp ќе продолжи да функционира и да се развива како посебна единка во новата компанија.

Извор: Facebook

Претходна статијаLaforge Icis – паметни диоптриски очила кои ќе сакате да ги носите
Следна статијаMicrosoft го претстави Office Online на местото на Web Apps
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.