LAFORGE_Icis_1_610x434

Icis очилата од Laforge се паметни очила кои што за разлика од нивниот најголем конкурент Google Glass очилата, изгледаат како стандардни диоптриски очила кои нема да привлекуваат внимание, а и луѓето нема да знаат дека носите мал компјутер на главата.

Icis работат со поврзување на вашиот паметен телефон преку Bluetooth, по што на нив ќе можете да гледате нотификации како, пораки, твитови, навигација и слично. Поврзувањето на телефонот функционира преку посебно направена апликација наречена SocialFlo, која што ќе биде достапна на Android, iOS и Windows Phone уредите. Преку неа корисникот има можност да избере кои апликации ќе бидат прикажани на екранот на очилата и од нив да добива информации. За разлика од Google Glass каде што екранот е поставен на горната десна страна од очилата, Icis целата површина од стаклата ја користат за прикажување на информации. Сепак за да не ви сметаат во нормалното гледање, информациите се прикажани од страните, односно надвор од вашето директно видно поле.

Icis очилата ќе работат со процесор со 1 GHz и 512 MB RAM меморија и резолуција од 640 x 480 и 800×600, зависно од моделот, безжично полнење, звучник и микрофон.

Laforge Icis очилата се во фаза на прибирање на средства преку Indiegogo, од кој што успех ќе зависи нивното производство.

Развивачите на овие очила ја нагласуваат модната страна на истите, за разлика од Google Glass, па очекуваат дека би биле прифатени од поголемиот број на луѓе заинтересирани за вакви производи, меѓутоа кои не сакаат да привлекуваат внимание додека шетаат.

Претходна статијаОчекуваниот Action Center во Windows Phone 8.1 прикажан на неофицијално видео
Следна статијаFacebook ќе ги купи WhatsApp за 16 милијарди долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.