Доколку не сте запознаени, Office Web Apps се онлајн верзии од Word, Excel, Power Point и OneNote кои што можете да ги користите преку интернет прелистувач и без потреба од било каква инсталација. Тие се скратени верзии од десктоп апликациите, односно не ги нудат сите функции достапни на Office за десктоп. Office Web Apps се конкуренција на Microsoft на Google Docs пакетот за документи, односно Google Drive како што се вика сега.
Веќе најавивме дека според неофицијални извори Microsoft планира промена на името на овој онлајн пакет од Office Web Apps во Office Online. Заедно со промената на името претставена е и старо/нова веб страна office.com која што сега е наменета првенствено за користење на овие онлајн апликации. Претходно доаѓањето до онлајн верзијата на Office беше скоро невозможно за новите корисници, а истата се наоѓаше сокриена во посебна лента во Outlook.com webmail сервисот во SkyDrive делот. Исто така промената на името треба да ги поедностави работите за потенцијалните нови корисници, а старото име предизвикувало збунување на корисниците, како што изјавуваат од Microsoft.
Како што беше најавено со промената на името и локацијата на Office Online, беше најавена и промена на прикажувањето на веб апликациите на лентата кога сте најавени на Outlook.com. Поточно наместо притискање на SkyDrive на лентата каде што можевте да ги видите сите ваши фајлови, вклучувајќи ги и документите, па можноста за нивна промена или креирање на нови документи, сега сите веб апликации се поставени посебно на лентата.
Постојните корисници ќе може да продолжат да го користат сервисот како и досега, односно нема да треба да прават промени. Новите корисници се што треба е да имаат Microsoft сметка, односно било која email адреса како outlook.com, live.com или најстарата Hotmail.com. Најавата на Office Online и користење на веб верзиите се прави едноставно преку office.com страната преку која што новите корисници може да се регистрираат и да креираат нова сметка.
Извор: Office Blogs