Фото: Apple

Според извори на The Wall Street Journal, Apple, како и Nvidia, се во преговори за инвестирање во OpenAI. Ова не е некое изненадување кога ќе се земе во предвид соработката која Apple и OpenAI ја започнаа оваа година. 

Како што е веќе познато, ChatGPT доаѓа како една од функциите на Apple Intelligence, односно корисниците можат да изберат одредени активности да се извршат со помош на овој „четбот“, наместо со јазичните модели од Apple.

Оваа интеграција е направена во „Apple стил“, односно корисниците не користат сметка која командите ги поврзува со нив, не се открива нивната IP адреса, што значи дека приватноста треба да е на повисоко ниво. 

На тоа треба да се додаде дека секое користење на ChatGPT прво бара дозвола од корисникот, што значи дека никогаш не е автоматски. 

Колку Apple би инвестирале во OpenAI засега не е познато, а само се истакнува дека од компанијата планираат да соберат околу 100 милијарди долари, но секако од повеќе компании. 

Овие пари им се доста потребни на OpenAI со оглед на огромниот трошок кој го имаат само за одржување на серверите и потребата од енергија на нивните јазични модели и генеративна вештачка интелигенција. 

Microsoft моментално се најголемиот инвеститор во OpenAI, а можно е оваа компанија да се приклучи на најновата тура на инвестиции. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаPlay Store ја добива можноста за симнување на три апликации во исто време при нивно ажурирање
Следна статијаРСБСП за безбедност на децата во сообраќајот во учебната 2024/2025 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.