Фото: Shutterstock.com

По пуштањето на можноста за симнување на повеќе од една апликација во исто време во април оваа година, Google оваа доста важна можност сега ја проширува и на процесот на ажурирање на апликациите. 

При ажурирањето на апликациите, тие ќе се симнуваат по три во исто време, наместо само една по една како што беше случајот досега. Оваа новина треба доста да го забрза процесот на ажурирање, па корисниците дефинитивно ќе ја забележат разликата. 

Со пуштањето на можноста за симнување на три апликации во исто време при нивното ажурирање, Google го зголеми ограничувањето и за симнување на нови апликации од две на три во исто време. 

Оваа промена не е официјално најавена од страна на Google, а е забележана од страна повеќе корисници и портали. Најверојатно истата се пушта како заднинска надградба на Play Store, па корисниците не треба да направат ништо за да ја добијат. 

Како и обично, пуштањето на вакви новини оди постепено, па сите корисници можат да ја очекуваат оваа промена во неделите или месеците што следат. 

Apple веќе одамна го има овој начин на ажурирање на апликации, па корисниците на iPhone одамна имаат процес кој функционира доста побрзо од тој на Android. 

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаКопчињата за звук на iPhone веќе не може да се користат со Spotify Connect
Следна статијаApple се во преговори за инвестирање во OpenAI
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.