Фото: Shutterstock.com

Според информации од The Wall Street Journal, Apple и тогашен Facebook имаат договарано можна соработка преку која Apple би добивале дел од заработката на Facebook. Начинот на којшто наводно тоа би се направило е преку воведување на верзија од Facebook со месечна претплата со која корисниците ќе добијат можност да ја користат мрежата без реклами.

Apple поради тоа што им наплаќа на компаниите процент, од 15 до 30% од тоа што корисниците ќе го платат преку нивните платформи, би имале добар дел од заработката на Facebook.

Интересно, од Apple дури сакале да земат процент од функцијата „boost post“ која им овозможува на корисниците на Facebook да платат за да одредена објава биде прикажана на поголем број на корисници.

Како што веќе знаеме, до договор за ваква соработка не е дојдено, а работите одат во тотално спротивен правец. Apple во 2021 ја пушта својата App Tracking Transparency функција која на корисниците им овозможува да изберат дали сакаат да дозволат апликациите инсталирани на нивниот iPhone, на пример, да ја следат нивната активност на другите апликации.

Поради тоа што очекувано мал број на корисници го дозволуваат ова, Meta има голем пад на приходите од реклами, а такво нешто се најавуваше уште пред почетокот на ATT функцијата.

Според некои информации, падот на приходите каj Meta, Twitter, Snap и YouTube изнесува околу 18 милијарди долари.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статија„Макпетрол“ – 75 години движечка енергија на македонската економија
Следна статијаИстражување тврди дека користењето на смартфоните ја подобрува меморијата на луѓето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.