Фото: Shutterstock.com

Познато е верувањето дека развојот на технологијата, со сите свои предности, донесе со себе и еден голем негативен ефект, а тоа е намалувањето на потребата да луѓето го „користат мозокот“, кратко кажано.

Поточно, поради достапноста на информациите лесно преку мобилните, како и можноста за запишување на разни работи кои порано моравме да ги памтиме, се верува дека тоа нема баш добар ефект на паметот.

Научниците ова го нарекуваат „дигитална деменција“, но изгледа дека ефектот на технологијата воопшто не е таков, барем според едно мало истражување направено до страна на University College London (UCL) објавено во Journal of Experimental Psychology.

Според овие научници, користењето на смартфоните, како еден пример, не само што нема негативен ефект, туку доведува до подобрување на меморијата, а конкретно таа за помалку важните работи.

Зачувувајќи ги важните информации на нашите смартфони, не само што тоа помага подобро да ги запомниме нив, туку овозможува поголем „простор“ за подобро запомнување на помалку важните работи.

Истражувањето е направено на 158 учесници на возраст од 18 до 71 година, со прикажување на 12 кругчиња со бројки кои треба да ги преместат користејќи екран на допир, лево или десно. Поместувањето на одредени бројки на одредена страна им носи поголема добивка на учесниците, па на тој начин бројките биле поделени и на повредни и помалку вредни.

Во дел од ситуациите на учесниците им било дозволено да ги запишуваат бројките на смартфон, наместо само да ги памтат.

Резултатите покажале дека кога бројките биле запишувани на смартфон, меморијата на учесниците била подобрена за 18%, а за бројките кои не биле запишани дури за 27%.

Од универзитетот истакнуваат дека доколку на учесниците им биле одземени смартфоните, веќе имале проблем со паметење на поважните бројки, па истакнуваат дека и ова треба да се земе во предвид.

Како и со сите истражувања кои вака се објавуваат, треба одреден период на проверка и потврдување или побивање на резултатите, што значи дека во ваква фаза може да се сметаат само како информативни.

ИЗВОРBig Think
Претходна статијаApple и Facebook имаат договарано можна поделба на заработката од Facebook
Следна статијаAndroid 13 излезе од бета и им е достапен на корисниците на Pixel уредите од Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.