На сите ние е познат проблемот кој го претставуваат пластичните сламки кои се користат за пиење на пијалаци, кои исто како пластичните ќеси се сметаат како голем еколошки проблем во светот, додека повеќето други производи продолжуваат да го користат овој материјал во многу поголема количина.

Како и да е, тоа не значи дека не некого не може да му дојдат интересни и креативни идеи на оваа тема. The Ice Straw од The Ice Guys е алтернатива на пластичните, но и другите, сламки за пиење, направени целосно од замрзната вода. Производот кој моментално е понуден преку Kickstarter вклучува три видови на калапи направени од силикон кои се користат за правење на три различни замрзнати сламки.

Тука е The Cocktail сламката за помалите чаши, The Classic за повеќето пијалаци, како и The Boba, сламка со поголем дијаметар наменета за пијалаците кои се погусти или содржат одредени „парчиња“.

Дизајнот на калапите е посебно направен за да лесно се користи и лесно се чисти, а од The Ice Guys истакнуваат дека имаат поднесено патент апликација за него.

Покрај вода, со калапите може да се користат и други течности, па сламките може да бидат направени од сокот кој се пие, на пример.

Оваа интересна идеја, остава и неколку прашања околу практичноста, односно дали во повеќето ситуации луѓето би го испиле пијалакот пред сламката да се стопи, дали е пријатна за користење и слично.

На Kickstarter побараната минимална сума од страна на The Ice Guys изнесува 5.000 долари, а досега се собрани скоро 8 пати повеќе, односно 38.926 долари, барем за времето на пишување на оваа статија.

ИЗВОРNew Atlas
Претходна статијаAtlas е изменета верзија од Windows 10 наменета за гејминг или постарите компјутери
Следна статијаGalaxy S23 серијата ќе дојде со дупло поголем простор за податоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.