Веќе сме на помалку од месец дена до претставувањето на Galaxy S23 серијата. Samsung уште официјално го нема закажано нивниот Galaxy Unpacked настан, но неофицијалните информации го ставаат на 1 февруари во Сан Франциско. Неофицијалните извори стандардно ни ги даваат повеќето информации предвреме, па на листата еве можеме да ја додадеме и следната.

Најновата информација кажува дека Samsung го има дуплирано просторот за податоци со кој доаѓаат телефоните, па тие веќе нема да имаат варијанта со 128GB. Galaxy S23 и Galaxy S23+ наводно ќе дојдат со 256GB, додека Galaxy S23 Ultra ќе дојде со дополнителен избор од 512GB.

Изворот на информацијата исто така ја открива и RAM меморијата, па така телефоните ќе дојдат со 8GB, односно 12GB кај Ultra моделот, а ова е веќе очекувано и стандардно и досега.

Дополнителниот простор е нешто што сигурно ќе ја издвои Galaxy S23 серијата од конкурентите кои не ретко продолжуваат да основните модели им доаѓаат со 128GB. Подобрите камери, како и се почестото гледање на видео содржина и игри на мобилните, прави да основниот простор со кој доаѓаат уредите не би требало да биде под 256GB.

Galaxy S23 серијата оваа година треба да дојде со еден чип за сите во светот, односно Snapdragon 8 Gen 2, а тоа е одлична вест за корисниците во нашата земја. Критиките кои можеа да се прочитаат досега, веќе не би требало да ги има со новата серија.

ИЗВОРBGR
Претходна статијаThe Ice Straw се замрзнати сламки направени само од вода како замена за пластичните
Следна статијаiPhone 15 Pro треба да има доста подобро траење на батеријата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.