Samsung објави нова реклама од кампањата „The Galaxy Awaits You“, а оваа „епизода“ е наречена „One the Fence“. Со оваа реклама Samsung сака да каже дека им доста луѓе кои се мислат дали да ги користат мобилните од Apple или да се префрлат на Samsung.

Рекламата е за Galaxy Z Flip4 и е втора преку која од компанијата сакаат да го истакнат фактот дека Apple уште нема модел на преклопување. Првата е објавена на кинеската мрежа Weibo и е реклама дела од рекламите на светското првенство.

Во најновата реклама човек седи на ограда, значи буквално на половина од две страни, а девојка која користи Galaxy Z Flip4 му кажува дека и таа била како него. Дијалогот продолжува за тоа како човекот е загрижен што ќе помислат неговите пријатели, но девојката му кажува дека не треба да биде. Таа му кажува дека кога би користел Galaxy Z Flip4, луѓето нема да го остават на „раат“.

Рекламата можете да ја погледнете на овој линк или во продолжение.

Претходна статијаInstagram пушти веб страна преку која се овозможува поддршка за хакирани сметки
Следна статијаTidal тестира можност корисниците да бидат „диџеи“ преку нивната апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.