Еден од неколкуте познати музички сервиси, Tidal, во САД почна да тестира можност за обичните корисници да бидат „диџеи“ за своите пријатели или за било кои други корисници на сервисот.

Во основа, корисниците на HiFi Plius претплатата ќе можат да започнат диџеи сесија, да и дадат име, по што ќе можат да го споделат линкот до истата кој сака да се приклучи. Со приклучување преку линкот, корисниците ќе можат да ја слушаат истата музика што ја слуша „диџеј корисникот“ во вистинско време.

Со други зборови, со оваа функција на корисниците им се овозможува да започнуваат свои мали радио станици кога и да сакаат.

Ова е одлична можност за која можеме да замислиме дека ќе се најдат доста интересни намени. Сигурни сме дека има голем број на корисници кои музиката што ја пуштаат ќе стане позната меѓу корисниците, па другите ќе се одлучуваат да ја пуштаат на забави и „собиранки“, наместо да слушаат радио или самите да пуштаат музика преку некој од сервисите.

Оваа новина моментално се тестира, а покрај тоа што им е достапна само на корисниците во САД, за истата сите мора да плаќаат претплата, како и за почеток мора да користат iPhone за да можат да започнат диџеи сесија.

Треба да се нагласи дека оваа функција не е првпат достапна кај Tidal, па корисниците нешто слично имаат на Spotify, како и на Apple Music.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаСо најновата реклама за Galaxy Z Flip4, Samsung ве охрабрува да се одлучите за нивниот телефон
Следна статијаOpera прелистувачот на десктоп ќе се обиде да ги „исчисти“ старите видеа со мала резолуција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.