Meta, односно Instagram, објави неколку новини кои се во правец на заштита на сметките на корисниците.

Главната новина е пуштањето на страната Instagram.com/hacked која корисниците можат да ја посетат доколку немаат пристап до нивната сметка. До страната може да се пристапи преку мобилните и преку десктоп.

Оваа страна може да се користи и за други проблеми со пристап до сметката, не само поради хакирање, па така може да се добие помош поради заборавање на лозинката, губење пристап до дво-степената автентикација или исклучување на сметката.

Од Instagram истакнуваат дека преку оваа страна ќе може да се следат серија на чекори преку кои ќе може да се врати пристапот до сметката.

Оваа страна претставува унифицирање до техничката поддршка од мрежата, нешто што и досега беше достапно, но не во ваков специјално направен дел. Се очекува Instagram побрзо да реагира на барањата од корисниците за поддршка, нешто што наводно сега не е случајот.

Од мрежата исто така пуштаат една можност која е во тестирање на почетокот на годината. Истата овозможува добивање пристап до сметката преку потврда на идентитетот од страна на два Instagram пријатели. Ова е корисно во случај кога ќе се изгуби пристап до сметката, поради губење на лозинката или нешто слично.

Instagram дополнително тестира нови начини преку кои би го спречиле хакирањето на сметките уште пред да се случи. Еден начин на којшто тоа би го правеле е преку отстранување на сметките кои се означени како малициозни од страна на автоматизираниот систем на мрежата, а во ова спаѓаат и тие кои имитираат други профили.

ИЗВОРInstagram
Претходна статијаXiaomi објави бела книга за интелектуална сопственост со повеќе од 29.000 патенти ширум светот
Следна статијаСо најновата реклама за Galaxy Z Flip4, Samsung ве охрабрува да се одлучите за нивниот телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.