На недела дена пред официјалното претставување на новата iPhone 14 серија, Samsung излезе со реклама во која ги истакнува некои од предностите на нивните уреди, поточно на Galaxy S22 Ultra и Galaxy Z Flip4.

Рекламата започнува со најава за најновиот настан на Apple, па со предности на Samsung уредите како најмногу мегапиксели на камера на телефон, нешто што ќе биде во нечиј друг џеб, можноста за сликање на месечината и добивање на сите тие лајкови, нешто што нема да биде случајот за вас.

Од Samsung завршуваат со изјавата дека овие иновации нема да дојдат наскоро кај iPhone.

Нема да ја коментираме рекламата, па оставаме во продолжение самите да ја видите, па кажете што мислите во коментарите.

Претходна статијаApple Watch 8 Pro изгледа ќе дојде со дополнителни копчиња за полесна контрола при спортски активности
Следна статијаПравосмукалката Samsung Bespoke Jet сега е достапна и во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.