Претставувањето на Pro верзија од Apple Watch Series 8 е нешто што не очекуваме да не се случи, со оглед на огромниот број на гласини. За овој часовник се истакнува дека треба да им конкурира на Garmin часовниците кои се поскапи и најчесто ги користат планинарите и другите спортисти.

Поради ова, се очекува дека Pro моделот од Apple Watch ќе дојде со поиздржлив и поголем екран, поиздржлива изработка и поголема батерија, а со ова и повисока цена која се најавува дека најверојатно ќе биде околу 1000 долари.

Сега, на само два дена до настанот од Apple, на Twitter се објавени две слики од заштитна маска за часовникот од која ако е вистинска, може да се извади уште една информација за карактеристиките.

Од сликата се гледа дека часовникот ќе има дополнителни копчиња, односно ќе има копчиња и на левата страна, нешто што не е случајот со претходните модели, а нема да биде ни со стандардниот Watch Series 8.

Покрај ова, се гледа дека екранот може да биде повеќе рамен во споредба со претходните модели, а ова оди во контекст на најавите дека овој модел ќе претставува прв редизајн на Apple Watch после подолго време.

Додавањето на повеќе копчиња од стандардниот модел е логично, со оглед на тоа што спортистите полесно можат да го контролираат часовникот со додатни копчиња, наместо цело време да го користат екранот на допир.

Овие нови копчиња може да бидат направени и за полесно вклучување на одредени активности, односно да бидат интуитивни за користење, во стилот на Apple.

Настанот кога ќе биде претставена новата генерација од Apple Watch е закажан за среда, 7 септември и ќе може да се гледа во живо со почеток во 19:00 часот. Главните уреди на овој настан ќе бидат iPhone 14 уредите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаА1 Македонија прославува три години на македонскиот пазар
Следна статијаSamsung рекламира иновации за кои кажува да не ги очекуваме кај iPhone наскоро
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.