Еден од најефикасните типови на транспорти, кој е особено развиен во поголемите метрополи (за жал не и во Скопје) е возот. Причината за ова е што тој е многу брз и лесно се контролира временски, а бидејќи е најчесто на струја, многу малку ја загадува околината. Дополнителна предност е што зафаќа многу помалку место од автомобилите на пример, како што може да се види на следното видео.

Всушност, видеото не само што споредува воз со автомобили, туку го споредува и со останатите најпопуларни транспорти – автобус, велосипед и пешки, на основа на 200 патници. Нормално, како што може да се види на видеото, најмалку простор зафаќаат луѓето кои одат пеш (само 27,6 метри), а најмногу оние кои одат со автомобили – повеќе од 1 километар.

Уште поинтересно, во случај на една автомобилска лента, за да се помине замислената линија на почетокот на колоната, најбрзи се автобусите, втори се возовите, а трети се пешаците! Да, за да се тргне и помине линијата на почетокот на колоната, побавно е истото да го направите со велосипед отколку пеш, додека автомобилите се убедливо најбавни. Всушност, патувањето со автомобил во тесни улици е и тоа како неодржливо.

Затоа, за да се изедначат нештата, патот за автомобилите треба да има дури осум ленти, односно во случај на велосипед или пеш, оној за велосипедите да е околу четири пати поголем од оној за пешаците.

Видеата тука се одлични показатели за тоа каде треба да се насочи иднината на градскиот транспорт, особено во часовите кога има многу гужва, но се корисни само за тргни-застани сообраќај. Нормално, кога сообраќајот има нормален тек, работите ќе бидат обратни!

Извор: Fast Company, Traffic Inside

Претходна статијаSamsung развива батерии со „топчиња од графен“, кои ќе се полнат 5 пати побрзо
Следна статијаВо минатото тримесечје, за прв пат продадени преку 1 милион VR „очила“

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.