Корејскиот гигант продолжува да не убедува дека е најголемиот иноватор во мобилната индустрија – покрај нивните импресивни дисплеи и чипови, тие сега работат на нов тип на литиум-јонски батерии, кои ќе можат да се полнат пет пати побрзо од досегашните најбрзи полнења кај телефоните од високата класа, што во превод значи дека вашиот смартфон би се наполнил за околу 20-тина минути.

Оваа импресивна бројка е постигната благодарение на топчиња од графен, кои се вградени како облога на стандардните литиум-јонски ќелии на батериите кои ги имаат сите смартфони денес. Ова е така бидејќи графенот ја подобрува стабилноста на ќелиите и исто така го подобрува протокот на електрична енергија меѓу нив, што им овозможува многу побрзо полнење.

Иако Samsung веќе објави детален опис на тоа како работат батериите, во научен журнал, технологијата сѐ уште е далеку од примена во секојдневните уреди. Една од главните причини е секако цената – графенот е прилично скап, а исто така технологијата треба да биде дополнително истражена пред да може да биде применета за секојдневна употреба.

Литиум-јонски батерии со топчиња од графен инаку би можеле да најдат примена во сите смартфони, каде скоро и ќе го анулираат времето потребно за полнење, но особено кај електричните возила, каде е многу важно краткото задржување на станиците за полнење, а заради зголемена мобилност и скратување на времето на патување.

Извор: Digital Trends, TechRadar, ZDNet

Претходна статијаSubstitute Phone е тука да им помогне на зависниците од смартфони
Следна статијаНово видео покажува дека ни треба пат со осум автомобилски ленти, за да се замени еден воз или автобус