Преку својот YouTube канал Hardcore Software, поранешниот главен за развојот на Windows, Стивен Синовски, објави видео во кое меѓу другото може да се видат слики од развојот на Windows 8.

Windows 8 не се покажа баш најдобро кај корисниците, па после доста критики Microsoft се обиде прво да ги исправи некои од „грешките“ со Windows 8.1, но на крајот го пушти Windows 10.

Главниот проблем на Windows 8 беше тргањето на Старт менито и негова замена со Старт екранот кој беше замислен да се користи од страна на уредите со екран на допир. Овие уреди никогаш не добија во тоа време доволно популарност, а десктоп корисниците останаа со систем кој не е баш за нив развиен.

Од неколкуте слики може да се види систем во кој има Стар мени, а и нешто слично на сегашниот дел со „виџети“ во Windows 11.

Видеото е во продолжение, па самите можете да видите какви биле некои од предлозите за Windows 8, а според нас, иако не се нешто посебно, многу подобро би поминале кај корисниците од тоа што на крајот беше пуштено.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаGoogle конечно го претстави својот прв паметен часовник Pixel Watch
Следна статијаMicrosoft објави основни принципи за развој на „виџети“ за Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.