Intel ја продолжува својата „Go PC“ кампања преку која ја истакнува предноста на PC компјутерите со истакнување на некои од недостатоците од Mac компјутерите од Apple. Кога ќе се земе старата и позната кампања на Apple, не е чудо зошто некоја компанија сега сака да го „направи истото на Apple“.

За новите видеа, кои ги има пет, Intel го ангажира Џастин Лонг, познатиот глумец кој го претставуваше Mac во старите реклами од Apple. Тој сега е од страната на PC и ја истакнува предноста на овие компјутери, кои секако работат на Intel.

Intel пушти пет различни видеа и преку нив истакнува различни предности кои ги има PC над Mac, како на пример екрани на допир, достапност на игри, поголем избор, хибридни уреди и слично.

Видеата можете да го погледнете на почетокот од статијата и во продолжение.

Претходна статијаНема веќе место за термоцентрали на јаглен и загадувачка индустрија на западен Балкан
Следна статијаMicrosoft ја прошири достапноста на PowerPoint Presenter Coach на сите платформи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.