Болестите на очите се откриваат само со специјален преглед во специјална установа и тие траат повеќе часови. Една од почестите болести на очите е дијабетична ретинопатија, која е посебна форма на дијабетес (осетливост на шеќер) која го загрозува видот.

Кавја Копарапу е 16 годишна тинејџерка од Индија, земја од каде најчесто излегуваат генија, има решение за полесно откривање на оваа болест. Нејзиното решение е многу едноставно и се што треба е апликација за смартфон, како и леќи кои може да се направат на 3D принтер. Ова супер евтино решение може многу лесно да ја открие споменатата болест и тоа може да го направи секој човек кој ќе ја инсталира апликацијата и ќе ги вгради леќите на својот смартфон.

Приказната на 16 годишната Кавја, како и секогаш во овие случаи, е прилично интересна. Имено, таа се заинтересирала за болеста откако нејзиниот дедо ги имал симптомите на оваа болест, но не можела да му биде дијагностицирана поради недостатокот на доктори во Индија. Токму во ваквите земји во развој, решението на Кавја би можело да значи спасен вид на многу луѓе поради навремено дијагностицирање на болеста.

Апликацијата, заедно со леќите инаку функционира скоро исто како апаратите кои ги користат докторите за да ја откријат оваа болест, но наместо човек, анализата ја прави компјутер со машинско учење, односно попознат како вештачка интелигенција. За споредба на сликите од окото, компјутерот во меморијата има 34.000 слики од очи од Националниот Институт за Здравје во САД, кои се доволни за да даде точна дијагноза секогаш кога ќе направи ново скенирање.

Според Кавја, овој систем може да направи дијагноза со иста точност како човекот, што е извонредно постигнување, особено за една толку мала девојка.

Извор: The Verge, Mobi Health News

Претходна статијаFacebook ќе му конкурира на YouTube со новата Watch платформа
Следна статијаLenovo K8 Note има процесор со 10 јадра и чини само 200 долари